ВИДЕО: Бугарите не го менуваат ставот, Радев вели дека не сме исполниле ништо од договореното

Фото: Радио Слободна Европа

Република Северна Македонија и четири години по потпишувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година, не го направила тоа што е потребно за негово спроведување, но исто така не ни гарантирала исполнување на обврските, оцени претседателот на Бугарија, Румен Радев, по речиси петчасовната седница на Консултативниот совет за национална безбедност.

Тој, како што јавува Радио Слободна Европа, порача дека главната поента е оти давањето согласност за почнувањето на преговори за Северна Македонија со ЕУ не треба да се врзува со рокови туку со реални остварувања, вклучувајќи ги правата на македонските Бугари.

Откако повтори дека Бугарија има стратегиски интерес да се шири ЕУ во регионот и дека прва ја призналанезависноста на Македонија, Радев додаде дека Софија не го одрекува правото на македонските граѓани да се самодекларираат и нарекуваат како што сакаат, но инсистира на целосна рамноправност на македонските Бугари со останатите граѓани во државата.

Според него, „повеќедецениската дискриминација на македонските Бугари“ ескалирала со јавни напади на граѓани што се декларираат така, нагласувајќи дека нивните права се клучен елемент од Копенхашките критериуми и тие, како што рече, не можат да бидат предмет на преговори.

Од особено значење, рече тој, се проектите кои обезбедуваат транспортно, дигитално и енергетско поврзување, издојувајќи го како осбено важен Коридорот 8. Тие проекти, според оценката на сите на состанокот, ќе помогнат да се надмине застојот во односите меѓу двете држави, да се врати меѓусебмата доверба и да се поттурнат преговорите. Оценувајќи ги генерално преговорите досега, учесниците на Советот за национална безбедност нагласиле дека во некои обкласти се оцртува можност за постигнување согласност, а решавањето на отворените политички прашања ќе создаде простор за напредок и во другите области.

На крајот, Радев ја повтори бугарската позиција дека на Албанија треба да ѝ се дозволи да ги почне преговорите и да не ја чека Македонија.

Сето ова е дел од документот што бил договорен на состанокот на бугарското водство и во кој се внесени следните предлози: извршната власт да подготви план за дејстување со мерки за напредок во преговорите во сите области, да се формираат групи за сите области , да се утврдат мерки за изградба на Коридорот 8 во целина со Македонија и со Албанија, а Народното собрание на Бугарија да му предложи на македонскиот Парламент структуиран дијалог кој ќе го помогне целиот процес. Практично по петчасовно заседавање беше официјализирана идејата на премиерот Кирил Петков за проширување на преговорите во повеќе области и од сите прашања со кои не заморуваше Софија со месеци од историјата, фокусот се стави на правата на Бугарите во Македонија како единствена тема разбирлива за Брисел. Договорот за пријателство од 2017 година и Рамковната позиција на Народното собрание на Бугарија сепак се посочија како два документа на кои ќе се заснова и натаму бугарската политика и позиција кон Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот