ВИДЕО: „Брзата птица итрица“ – ној избезуми возачи на кинески автопат

Фото: Фејсбук/принтскрин

Ној кој избегал од фарма во близина на кинескиот град Тјанџин предизвика хаос во сообраќајот откако се претвори во „Брзата птица итрица“ и се вклучи на автопат, каде трчаше заедно со забрзаните коли.

На снимката која ја објавија возачи-очевидци, се гледа како големата птица трча и престигнува автомобили и камиони на автопатот, додека зачудените возачи се обидуваат да ја избегнат.

Ноевите не можат да летаат, но на земја се најбрзите птици и можат да трчаат со 70 километри на час. Засега нема информации дали нојот кој трчаше по автопатот во Кина бил заловен од страна на надлежните служби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот