ВИДЕО I Бројот на повредени во експлозијата во Урошевац се зголеми на 42 лица: Гостите на ресторанот мислеле дека има земјотрес

Бројот на повредени лица од експлозијата што се случи во трговски центар во градот Урошевац (Феризај), досега се искачи на 42 лица. Еден од повредените, зборувајќи на една локална телевизија, рече дека на почетокот кога ја слушнале експлозијата мислеле дека станува збор за земјотрес.

Тој, рече дека гостите кои не биле повредени се обиделе да им помогнат на повредените побргу да го напуштат локалот.

„Имаме експлозија, мислевме дека е земјотрес или нешто слично. Првично, кога ја слушнавме експлозијата, мислевме така, тогаш моравме да ги изнесеме луѓето, да им помогнеме“, изјави тој за ТВ Фестина.

„Бројот на повредени од експлозија на плинска боца достигна 42, меѓу нив има и две малолетни лица“, рече мајорот од косовската полиција Ќазим Река.

Тој додаде дека од 42 повредени, 12 од нив биле испратени во клиничкиот центар во Приштина.

ВИДЕО: Плинска боца експлодира во ресторан во Урошевац, повредени се 31 лице

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот