ВИДЕО: Плинска боца експлодира во ресторан во Урошевац, повредени се 31 лице

Експлозија со катастрофални последици се случи во ресторан во Урошевац.

Како што пренесуваат косовските медиуми, станува збор за експлозија на плинска боца во трговскиот центар „Селото“. Во моментов има 31 повреден, а 7 се во сериозна состојба.

Директорот на болницата во Урошевац, Јетон Зеќири, рече дека 22 лица повредени во експлозијата се згрижени во таа институција, како и дека осуммина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.

– Четири лица претрпеа сериозни изгореници и се во животна опасност, рече Зеќири.

Пожарникарите и полицијата пристигнаа на местото на несреќата.

Медиумите јавуваат дека меѓу повредените има и две деца.

Градоначалникот на Урошевац, Агим Алиу  рече дека, седуммина од повредените биле испратени со брза помош во Универзитетскиот клинички центар во Приштина.

Експлозијата предизвика и голема материјална штета.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот