
ВИДЕО | Брачен пар од Њу Орлеанс открил 1.900 години стар римски надгробен споменик во својот двор
Брачен пар од Њу Орлеанс открил околу 1.900 години стар римски надгробен споменик посветен на морнарот Секстус Конгениј Верус во нивниот двор, што предизвика напори за негово репатријација во Италија.
Препорачано
Антропологот од Универзитетот Тулан, Даниела Санторо, и нејзиниот сопруг Арон Лоренц ја пронашле мермерната плоча додека го чистеле дворот, пишува „Гардијан“.
New Orleans couple discovers ancient Roman grave marker in their yard
Discovery of 1,900-year-old headstone dedicated to Roman sailor sets off effort to repatriate item to Italyhttps://t.co/pfiFBKtVmE
— Clarismelda Aquino (@Clarismelda) October 7, 2025
Натписот на латински јазик укажувал дека станува збор за римска реликвија, по што тие контактирале со експерти од Универзитетот во Њу Орлеанс и колега од Тулан, кои заедно со професор од Инсбрук го потврдиле неговиот идентитет и поврзаност со исчезнатиот експонат од градскиот музеј Чивитавекија во Италија. Музејот Чивитавекија, кој претрпел голема штета за време на сојузничкото бомбардирање во 1943 и 1944 година, потврдил дека споменикот одговара на описот на изгубениот артефакт.
Тој го предаде случајот на тимот за уметнички криминал на ФБИ, како подготовка за репатријација.
Истражувачите се обиделе да утврдат како римскиот споменик стигнал до Њу Орлеанс, но точната рута е непозната. Се смета дека можеби бил донесен во 20 век, најверојатно по Втората светска војна, кога американските сили биле во Италија.