ВИДЕО | Бил Гејтс објави необична снимка: Најбогатиот човек помина еден ден во канализација

Фото; Скриншот/Инстаграм

Соосновачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс (68) ја посети канализацијата во Брисел, Белгија и рече дека работата на отпадните води ги спречува идните пандемии.

Во краткото видео објавено на неговиот инстаграм-профил, Гејтс рече дека го посетил бриселскиот музеј за канализација за да го одбележи Светскиот ден на тоалетот, објави „Брисел тајмс“.

„Што правам десет метри под земја во Брисел? Влегувам во канализација. Овде смрди“, рече Гејтс.

Во видеото, Гејтс носи пар ракавици и очила, а потоа зема примерок од градската отпадна вода.

„На крајот на 19. век канализацијата се излеваше во реката Сена. Тоа доведе до страшна епидемија на колера. Денес во градот има мрежа од 300 километри канализациски тунели и процес на пречистување на отпадните води“, вели Гејтс.

Тој потсети дека научниците ги тестираат отпадните води за ковид, детска парализа и „други болести“.

„Оваа работа ги спречува идните пандемии. Му благодарам на градот Брисел што ја покажа уникатната страна на овој прекрасен град“, рече Гејтс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот