ВИДЕО: Барселона повторно разочара, не успеа да ја победи Осасуна

Повеќе нема лесни натпревари за Барселона во Ла Лига/ фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Фудбалерите на Осасуна и Барселона одиграа без победник 2:2 во рамки на 17 коло од Ла Лига.
Каталонците повторно одиграа на „мускули“ и беа блиску до победата, но не издржаа и на крајот мора да се задоволат со еден бод. Исто така дуелот со Осасуна покажа дека нема да има лесни натпревари за Барселона иако на клупата седна легендарниот капитен Чави Ернандез.
Нико Гонзалес во 12 минута и донесе водство на Барселона, но само две минути подоцна Осасуна израмни преку Гарсија.

На стартот од вториот дел, Барселона повторно поведе, во 49 минута погоди Езалзули, за кого ова беше прв гол за каталонскиот тим. Во финишот од средбата, младите играчи на Барса попуштија и домашниот тим тоа го казни со голот на Авила во 86 минута.
Барселона е осма на табелата со 24 бода, додека Осасуна има два бода помалку за десетта позиција.
Претходно, македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот тим Рајо Ваљекано загубија со 2:0 на гостувањето кај Виљареал и со тоа ја прекинаа серијата од три натпревари без пораз. Виљареал поведе со голот на Манди во 36 минута, а само четири минути подоцна Морено го постави конечниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот