ВИДЕО: Барса убедлива против Ваљадолид, мајсторија на Левандовски на „Камп Ноу“

Роберт Левандовски со првите официјални голови на „Камп Ноу“/Барселона, Шпанија/28 август 2022/Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Фудбалерите на Барселона со убедливи 4:0 го совладаа Ваљадолид во натпреварот од третото коло во најсилното шпанско првенство.

Своите први голови на „Камп Ноу“ ги имаше големото летно засилување на каталонскиот гигант, Роберт Левандовски.

Полскиот напаѓач за првпат ја погоди мрежата на Ваљадолид во 24 минута по асистенцијата на Рафиња. До крајот на првото полувреме водството на Барселона го удвои Педри во 43 минута.

Со својот втор гол на натпреварот, Левандовски во 64 минута зголеми на 3:0, а конечните 4:0 ги постави Серхи Роберто (90+2`), кој ја смести топката во мрежата откако Левандовски ја погоди пречката.

Во неделата се одигра уште еден меч во „Ла Лига“, без голови (0:0) ремизираа екипите на Хетафе и Виљареал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот