ВИДЕО: Бајден самоуверен: Не се сомневам дека наскоро ќе објавиме победа!

Џо Бајден / 29 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/Morry Gash / POOL

Камала Харис и јас сме задоволни од моменталната состојба, се чувствуваме добро од час во час. Немаме дилема дека во моментот кога ќе се пребројат гласовите до крај, јас и сенаторката ќе бидеме прогласени за победници, рече на денешната прес-конференција демократскиот кандидат, Џо Бајден

-Ве молам сите за трпеливост. Ова е процес кој трае, но пребројувањето на гласовите ќе заврши наскоро. Ќе знаеме за многу кратко – рече Џо Бајден.

Тој се појави на прес-конференција по состанокот со здравствените претставници, а темата беше коронавирусот.

– Нашите срца се со секое семејство што изгуби член на семејство поради оваа страшна болест – додаде Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот