ВИДЕО | Авион се урна на автопат во Нешвил, петмина мртви

Авион се урна во Нешвил / Фото EPA-EFE/METROPOLITAN NASHVILLE POLICE DEPARTMENT

Мал авион синоќа се урна и запали на автопат во Нешвил, при што загинаа сите пет патници во него. Поради несреќата автопатот бил делумно затворен, а истрагата се уште е во тек, соопшти локалната полиција. Авионот бил ослободен за итно слетување на аеродромот Џон Си. Набргу по првиот извештај, пилотот и соопштил на контролата на летање дека нема да стигне до пистата.

Авионот се запалил по несреќата, изјави портпаролката на противпожарната служба во Нешвил, Кендра Лони. „Тој удар беше катастрофален и никој не преживеа“, додаде Лони. Полицијата допрва треба јавно да ги идентификува жртвите и се уште работи на утврдување од каде полетал авионот.

Сведоците велат дека „очигледно нешто не било во ред со авионот“ и пред да се урне во областа зад продавницата на Костко долж И-40 Исток. „За среќа леталото не погоди ниту една зграда додека паѓаше“.

Националниот одбор за безбедност на транспортот и Федералната управа за авијација ќе ги испитаат причините за несреќата, велат од полицијата. Видеото од очевидци го покажува леталото во пламен и чад, а сликите што ги сподели полицијата ја прикажуваат извалканата рамка на авионот опкружена од службите за итни случаи на тревната страна од патот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот