ВИДЕО: Атланта и Њу Орлеанс се последните учесници во НБА плеј-офот

Пеликанси израмнија во серијата против Феникс/Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Атланта во последниот натпревар од плеј-ин триумфираше над Кливленд со 107:101 и во првото коло од НБА плеј-офот ќе игра против Мајами, најдобрата екипа од Источната конференција.

За Хокси доминираше Тре Јанг со 38 поени и девет асистенции, а во поразените редови прв стрелец беше Финецот Лаури Марканен со 26 поени (осум скокови).

Од друга страна, Њу Орлеанс славеше во Лос Анџелес над Клиперси со 105:101 и на стартот од доигрувањето ќе ги одмери силите со најдобриот на Западот, Феникс.

Кај Пеликанси блескаше Брендон Инграм со 30 поени (по шест скокови и асистенции), а за ЛА Клиперс Реџи Џексон запиша 27 поени (седум скокови, осум асистенции).

НБА лига, плеј-оф

Источна конференција, двојки –

Мајами – Атланта
Филаделфија – Торонто

Милвоки – Чикаго
Бостон – Бруклин

Западна конференција, двојки –

Феникс – Њу Орлеанс
Далас – Јута

Голден стејт – Денвер
Мемфис – Минесота

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот