ВИДЕО | Атанасовски: Дојден е денот за конечно расчистување со корупцијата – моралот сѐ уште мисловна именка за политичарите

Ова е доказ дека и во ЕУ има сомнителни политичари, односно трансакции, но интересно е што клучната и фундаменталната разлика е во тоа што кога некој висок функционер ќе биде фатен во скандал, тогаш тој веднаш под притисок на јавноста си поднесува оставка. Кај нас гледаме дека зборот морал претставува мислена именка и воопшто не ги тангира мислењето на јавноста, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар, Благојче Атанасовски.

Според него последен пример е одморот на Рашковски во Мексико и одморот на вицепремиерот Николовски.

-Нема корупциски скандал, но станува збор за еден вид на морална декаденција, во ситуација кога Македонија се бори со последиците од кризата. Влегуваме во трет бран, немаме стасано вакцини, а двајца високи владини функционери одат на одмор во далечни земји и тоа претставува еден катастрофален пример за тоа како не треба да се однесуваат функционерите кај нас. Во други земји, во Германија дококу се случи истото, под притисок на јавноста веднаш би се понела оставка и одговорност. Тоа е резликата помеѓу Германија и европските земји и земјите од Балканот, изјави  политичкиот аналитичар, Благојче Атанасовски, коментирајќи го последниот скандал во Германија, каде пратеник си поднесе оставка поради давање на консултантски услови на тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ.

Според него трагедијата е немањето елементарно чувство на морал кај нашите политичари.

-Апсолутно треба да се солидаризираме, но гледаме за која хипокризија и лицемерие станува збор кај нашите политичари, кои во изминативе година дена од почетокот на пандемијата повикуваа на здрав разум. Истите тие тоа што го велат тоа воопшто не го почитуваат и е најлицемерно е пред се кон здравствените работници и лекарите. На здравствените работници им треба одмор, голем број ја загубија и битката и сево ова е непочитување на нивната работа. Гледаме дека претставниците на нашата држава поитаа да користат одмор и тоа на егзотични дестинации. Во европски држави за ова веднаш се поднесуваат оставки. Има нешто што се вика морал во функционирањето кое е водилка во западниот свет, вели Атанасовски.

Во врска со набавката на софтеверот и одговорноста на Рашковски, Атанасовски вели дека институциите на системот кои се платени конечно ќе почнат да ја завршат работата.

-Дојден е денот, чукна часот кога ние навистина ќе треба сериозно да се зафатиме со расчистување на корупцијата кај високите функционери, додава Атанасовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот