ВИДЕО | Астронаути го пронашле доматот кој бил изгубен во вселената цели 8 месеци

Фото: Принтскрин/ Твитер/ All About Space

Од Меѓународната вселенска станица пристигна вест дека е решена енигмата за исчезнувањето на доматот и дека Френк Рубио е ослободен од сомневањата.

Мистеријата на вселенската храна, вистинско мало парче богатство кога станува збор за условите за живот во орбитата, конечно е решена. Малиот домат што астронаутот на НАСА, Френк Рубио го загубил откако го зел во март, конечно се појавиле на Меѓународната вселенска станица (ISS), повеќе од осум месеци подоцна. Така, криминалистичката приказна во вселената добила епилог.

– Нашиот добар пријател Френк Рубио, кој веќе си замина дома, долго време беше осомничен дека го изел доматот. Но, сега можеме да го ослободиме од тој сомнеж. Го најдовме доматот – изјавила астронаутот Џезмин Могбели за време на прославата на 25 години работа на Меѓународната вселенска станица, пишува „Лајв саенс“ (LiveScience).

Таа не кажала ништо повеќе за тоа, но исчезнувањето на свежа храна во орбитата, што е помал инцидент, се претворила во вистинско злосторство во вселената за Американецот кој оваа есен го собори рекордот за најдолг престој во орбитата.

Џуџести црвени домати од сортата црвени робин, со дијаметар од околу 2,5 сантиметри, биле собрани за време на експериментот Veg-05. Секој астронаут на станицата добил примерок од доматите кога биле набрани на 29 март, но парчето на Рубио одлетало пред да може да го вкуси. Меѓутоа, многумина не му поверувале и мислеле дека го изел зеленчукот.

Доматот кој исчезна за прв пат беше спомнат на 13 септември од самиот Рубио.

– Толку долго ја барав таа работа. Сигурен сум дека доматот ќе се појави и ќе ме ослободи, можеби, само за неколку години – изјавил тогаш.

Како што пишува “Лајв саенс“, Меѓународната вселенска станица е голема колку куќа со шест соби, а во микрогравитацијата работите лесно можат да одлетаат и да влезат во неочекувани агли. А станицата е преполна со работи и инструменти донесени таму во текот на четвртина век.

Рубио поминал 371 ден во орбитата, заедно со колегите руски космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин. Со тоа тој постави рекорд за времето поминато на астронаутите во вселената, но не и рускиот рекорд кој го држеше Валери Пољак, кој беше во орбитата 437,75 дена.

По враќањето на Земјата, Рубио зборуваше за тоа колку е тешко да се прилагоди на гравитацијата.

– Одењето беше болно во првите денови. Особено болат стапалата и долниот дел на грбот. Мислам дека причината за болката е фактот што долниот дел на грбот сега издржува половина од тежината на телото – рече тој во октомври на конференција во вселенскиот центар Џонсон во Хјустон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот