ВИДЕО: Арсенал е новиот лидер во Премиер лигата, Хаверц го урна Брентфорд во 89 минута

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Лондонски Арсенал го искористи ремито меѓу ривалите на Манчестер сити и Ливерпул, и со гостинската победа над Брентфорд (1:0) сега е на првата позиција во Премиер лигата.

Играчите на менаџерот Микел Артета се мачеа до 89 минута кога триумфот го донесе резервниот играч Каи Хаверц.

Претходно во 42 минута гостите успеаја да постигнат гол преку Леандро Тросар, но истиот беше поништен поради офсајд.

Арсенал е моментно водечки со 30 бодови, еден повеќе од второпласираниот Манчестер сити, додека Брентфорд е на 11 место со 16 бодови.

Во следното коло Арсенал е домаќин на Вулверхемптон, додека Брентфорд ќе го пречека Лутон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот