ВИДЕО | Ангеловски: Ќе бараме зголемени санкции за возачите што убиваат луѓе на улиците

Тони Ангеловски, портпарол на МВР / Утрински брифинг

Работиме на измени на Законот за безбедност во сообраќајот во координација со Министерството за правда и другите институции. Ќе бараме зголемени санкции за овие сообраќајни прекршоци во кои има и жртви, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

–  Исто така ќе има и санкции за оние прекршоци кои се прават намерно за злоупотреба на социјалните мрежи. Сега правиме измени на законите кои ние ги предлагаме а апелираме до пратеници да дадат поддршка за да се зголемат казните за овие прекршоци. Апелирам и до судовите да има  построги казни за луѓето кои убиваат на сообраќајниците, рече Ангеловски.

Во однос на тешката сообраќајна несреќа кај Сити мол синоќа во која загина млада девојка, Ангеловски потврди дека сторителот на несреќата е приведен.

– Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки. Сторителот на тешката сообраќајна несреќа е приведен во полициска станица и со соодветна кривична пријава ќе биде предаден на обвинителството. За истрагата е надлежен јавен обвинител од скопското јавно обвинителство. Ние постапуваме по негови насоки, земена е крв и урина од возачот и предадена е за испитување. Исто така земени се снимки и од околните камери со цел расчистување на случајот и предадени на обвинителството за понатамошно постапување, информира Ангеловски.

Тој повикува на поголема одговорност во сообраќајот.

– Мораме сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот. Вие сте сведоци дека ние постојано сме излезени на улиците и постапуваме за да ги санкционираме  престапниците кои за жал одземаат и животи. Над 240 илјади санкции имаме изречено минатата година, од нив повеќе од 100 илјади се изречени за брзо возење, и тоа станува збор за огромни надминувања над дозволената брзина. Имаше ситуации кога возачи возеле со 300 км на час, што е ненормално, ние немаме патишта за таква брзина, вели портпаролот на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот