ВИДЕО: Андоновски и САД без финале на женскиот фудбалски турнир во Токио

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Денеска во првото полуфинале на женскиот фудбалски турнир на Олимписките игри во Токио (Јапонија), репрезентацијата на Канада приреди изненадување совладувајќи ја селекцијата на САД со 1:0.

Стрелец на единствениот погодок за Канаѓанките беше Флеминг која беше прецизна од белата точка во 74 минута.

На тој начин Американките предводени од македонскиот тренер Влатко Андоновски ќе играат за бронзениот медал.

Во вториот полуфинален дуел кој стартува од 13.00 часот по македонско време силите ќе ги одмерат Австралија и Шведска.

Канада за првпат ќе игра за златото, во 2008 година во Пекинг беше осмопласирана, во Лондон 2012 година ја освои бронзата, а истото одличје го имаше и во 2016 година во Рио де Жанеиро.

Од друга страна САД за првпат ќе играат за бронзата, имаат златни медали во 1996, 2004, 2008 и 2012 година, сребро во 2000 година, а беа петтопласирани во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот