ВИДЕО | Андоновиќ: Политички игри, инциденти, Балканот врие, ЕУ спие

На Косово изминатата ноќ е мирно по вчершните тензии на северот на Митровица и Звечан откако специјалните единици на косовската полиција спроведоа акција за која соопштија дека е во насока на „спречување на нелегални активности“.

Во инцидентите меѓу единицата на РОСУ и граѓаните, беа повредени десетина лица од кои едно лице беше потешко рането со прострелна рана. Лицето Среќко Софрониевиќ кој беше застрелан од страна на косовски полицаец во моментов се уште се наоѓа во животна опасност. Косовските бесбедносни сили објавија дека и во нивните редови има неколкумина повредени полициски службеници.

Премиерот Албин Курти ги повика граѓаните да не потпаѓаат под манипулации и лажни вести и да не застануваат во одбрана на нелегалните активности. Се огласи и српскиот претседател Александар Вучиќ кој побара итна интервенција од НАТО силите распоредени во земјата и повика да не се спроведува ред со насилство.

Претставници на НАТО пак операцијата на косовската полиција ја оценија како „акција за спроведување на законите“, пренесуваат косовските медиуми. Мисијата на КФОР на Косово била запознаена со настаните бикла во комуникација со властите во Приштина.

Од друга страна Белград се закани дека доколку НАТО и ЕУ не ја вратат стабилноста и сигурноста на тамошните Срби, Србија е подготовена воено да се вмеша и да ги заштити своите граѓани. Засега сето ова останува на реторика и обвинувања. Белград обвинува дека целта на Приштина и премиерот Курти е да предизвика емотивна рекција на Белград да с евмеша во Косово и така да ја прекрши резолуцијата 12 44 на ОН Од друга страна запленувањето на лековите и стоката со српски бандероли има за цел да предизвика здравствена и хуманитарна криза и да ги принуди Србите да се иселат од Косово, обвинува официјален Белград.

Вчерашниот инцидент доаѓа на неполн месец од тензиите на граничните премини Брњак и Јариње кога 11 дена тамошните Срби ги блокираа премините откако косовската полиција почна со спроведувањето на мерките за менување на регистерските таблици на автомобилите , односно српските таблици беа заменувани со косовски.

Тогаш во посредство на меѓународната заедница се избегнаа поголеми инциденти, но конфликтот повтрно беше замрзна без некое конечно решение.

Вчерашните инциденти покажуваат дека искрите и тензиите во Косово се извесни, особено ако се земе во предвид дека Косово оди на локални избори следната недела, а Белград на престедателски во април следната година.

Дотогаш е реално да се очекуваат слични инциденти со цел да се зголеми рејтингот на владеачките партии и во Беград и во Приштина, за што докажана добитна комбинација е решавање на конечниот статус на Косово, во лична полза.

Целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот