ВИДЕО | Aндоновиќ: Објавен европскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија, Вучиќ се заканува со оставка

Анализа со Дејан Андоновиќ / Фото Слободен печат

Вчера објавениот текст на европскиот предлог за основниот договор меѓу Косово и Србија, предизвика турбуленции на српската политичка сцена. Пред сѐ поради содржината на договорот за кој сѐ поизвесно е дека се согласиле и владата и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Можеби едно од најгорливите делови од овој договор е секако притисокот на меѓународната заедница Србија нема да се противи на членството на Косово во која било меѓународна организација.

Имено двете клучни точки на сопнување во разговорите меѓу двете страни се формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), што не и одговара на Приштина, додека главен проблем за Белград е одредбата на француско-германскиот предлог, со кој се бара Србија да не да го блокира влезот на Косово во меѓународните организации.

Поточно, ваквата точка од „европскиот предлог“, кој е главна рамка за преговори, би значела и потенцијален влез на Косово во Обединетите нации, што е црвена линија во преговорите за Србија.

Во исто време, европските и американските дипломати се многу заинтересирани за конечно постигнување договор во 2023 година. Неодамнешната посета на високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шол, како и на „големата петорка“ на чело со специјалниот пратеник на САД Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, само западните партнери очекуваат продолжување на дијалогот за нормализирање на односите и дека е неопходно страните што поскоро да седнат на преговарачка маса во рамките на француско-германскиот предлог.

Порталот на белградскиот весник „Данас” го објави „европскиот предлог за основниот договор меѓу Косово и Србија што „го добил по дипломатски канали”, а во кој пишува дека „Србија нема да се противи на членството на Косово во која било меѓународна организација.

Заедницата на српските општини не се споменува буквално, но во членот 10 пишува дека „двете страни ги потврдуваат обврските за спроведување на сите претходни договори“.

Крајниот рок за формирање на ЗСО е април, а договорот меѓу двете страни се очекува да биде потпишан до јуни.
Претседателот на Србија дповтори дека на Србија и претстојат „најтешките денови“

Медиумите во Србија претходно објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите на САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата. Истите извори велат дека Вучиќ се заканил со оставка.

Српскиот претседател и претходно најавуваше дека ќе се повлече од лидерската функција на владеачаката СНС но и дека нема намера да се кандидира за следен мандат на претседателската функција. Дел од јавноста смета дека евентуалното негово повлекување ќе биде крај на постоењето и владеењето на СНС, додека други сметаат дека тоа е се обид Вучиќ да се направи жртва и како алиби дека ќе се повлече да биде реизбран на старите функции.

За денеска е најавена вонредна седница на српската влада на која ќе присуствува и претседателот Вучиќ кој за вечерва најави и обраќање до јавноста за деталите од договорот и наредните чекори на Белград во однос на косовоското прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот