ВИДЕО: Алкараз славеше во егзибицискиот меч против Надал во Лас Вегас

фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Шпанските тенисери Рафаел Надал и Карлос Алкараз одиграа егзибициски меч во Лас Вегас, САД. Помладиот од двајцата Шпанци победи со резултат 3:6, 6:4, 14:12.

Во првиот сет Надал направи брејк во вториот гем, односно првиот во кој сервираше Алкараз, а потоа без многу мака го освои првиот сет.

Сосема поинаква ситуација се виде во вториот дел кога Карлос на самиот старт му го одзеде сервисот на ривалот. Следуваше голема борба, Надал успеа да се врати и да брејк во гем во кој противникот сервираше за победа, но тој потклекна во следниот гем. Алкараз стигна до брејк и сет, а победникот беше решен со супер тај-брејк.

И покрај тоа што играа егзибициски меч, имаше голема борба, а на крајот како победник излезе Алкараз. Ова беше дуел на вториот и 652 тенисер во светот.

Да потсетиме дека Надал ја пропушти речиси цела минатата сезона поради повреда и операција. Во 2024 година играше во Бризбејн, по што реши да го пропушти „Австралија опен“ поради недоволна физичка кондиција.

Според информациите на одредени медиуми во САД двајцата тенисери за овој егзибициски меч заработија по милион долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот