ВИДЕО: Алкараз по пресврт го совлада Ѓоковиќ во егзибицискиот меч во Ријад

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз во Ријад, Саудиска Арабија/фото: EPA-EFE/STR

Шпанецот Карлос Алкараз го совлада најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ после пресврт со 2:1 во сетови 4:6, 6:4 и 6:4 во егзибицискиот меч во Ријад, Саудиска Арабија.

Мечот траеше еден час и 52 минута игра, во првиот гем од првиот сет Алкараз успеа да му го одземе сервисот на Ѓоковиќ, но српскиот тенисер направи брејк во четвртиот и 10 гем за пресврт и водство во сетови.

И вториот сет започна со брејк на Алкараз, но Шпанецот овојпат беше сигурен на свој сервис до крајот на сетот и во 10 гем ја искористи првата сет топка за израмнување.

И во третиот решавачки сет Алкараз прв стигна до брејк, но Ѓоковиќ одговори во шестиот гем и израмни на 3:3. Во деветтиот гем Алкараз повторно го одзеде сервисот на Ѓоковиќ и со сигурен сервис во следниот гем дојде до победата.

Ова беше шести дуел меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, а двајцата тенисери забележаа по три победи.

Ѓоковиќ имаше убави зборови за Алкараз по нивниот меч во Ријад:

– Импресивно е за толку млада возраст она што го постигна. Тој е многу скромен, добар човек. Неговото семејство, неговиот татко, многу убаво семејство со големи вредности – рече Ѓоковиќ.

ВИДЕО | Ивановски му се заблагодари на Ѓоковиќ: Беше задоволство да се дели теренот со тебе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот