ВИДЕО: Алкараз – Хуркач е првото полуфинале на Мастерсот во Синсинати

фото: EPA-EFE/EDUARDO LIMA

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше над Австралиецот Макс Пурсел со 3:6, 6:3 и 6:4 и се пласираше во полуфинале на Мастерс турнирот во Синсинати, САД.

Тенисерот кој ја зазема 70 позиција на АТП-листата се покажа како незгоден ривал за Алкараз кој го загуби сервисот во седмиот гем од првиот сет, а потоа и сетот.

Следуваше сосема поинакво издание на Шпанецот, неговиот брејк во раната фаза од вториот, а потоа и од третиот сет. Но, кога се чинеше дека мечот е решен, Персел му го одзеде сервисот на Алкараз и го внесе дуелот во нова драма. Тоа траеше до деветтиот гем кога Алкараз го добива вториот брејк во сетот и со мирна игра обезбеди пласман во следната фаза.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против полскиот тенисер Хуберт Хуркач кој го елиминираше Алексеј Попирин од Австралија со 6:1 и 7:6 (8).

Второто полуфинале во Синсинати ќе се дознае по одигрувањето на останатите четвртфинални пресметки во кои се среќаваат А. Манарино (Франција) – А. Зверев (Германија) и Т. Фриц (САД) – Н. Ѓоковиќ (Србија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот