ВИДЕО | Ако се вакцинирате во овој бордел, ќе ве наградат со бесплатна секс-сауна

Бордел во Виена им овозможува на граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, а секој што ќе го направи тоа има право на бесплатен сексуален третман од 30 минути во сауна со дама по сопствен избор.

Станува збор за борделот „Фан паласт“ (Fun Palast) кој со овој проект започна на 1 ноември за да се обиде да придонесе за зголемување на бројот на вакцинирани во Австрија, пишува „Дејли мејл“. Имено, во Австрија само околу 65 отсто од Австријците се целосно вакцинирани, а на оние кои не биле вакцинирани им е забранет пристапот до ресторани, хотели, фризерски салони и големи јавни настани. Овие мерки беа воведени како одговор на брзото зголемување на бројот на заразени во оваа земја.

Во борделот „Фан Паласт“ вакцинирањето е можно секој понеделник од 16 до 22 часот во текот на ноември, а персоналот се обидува да ги поттикне мажите да дојдат и да се вакцинираат во замена за купон во сауна, чија вредност е 40 евра. На момчињата од 14 години па нагоре, наводно, им е дозволено да ги користат услугите, но под услов да се придружувани од возрасна личност. Жените исто така ги поттикнуваат да дојдат на вакцинација во борделот.

„Поради пандемијата бележиме пад на клиентите од 50 отсто и со оваа иницијатива се надеваме дека бројот на клиенти повторно ќе се зголеми“, велат од борделот.

Сопственикот на борделот „Фан паласт“ додал дека до нивната локација се наоѓа споменик на сликарот Густав Климт, па затоа ги советува потенцијалните клиенти  токму оваа статуа „да ја користат како изговор за доцнење кога клиентите ќе се вратат дома“.

Во бордел по вакцина- Во Австрија на разни начини се поттикнува имунизацијата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот