ВИДЕО| 22 лица загинаа при уривање на зграда во Нигерија, спасувачите сè уште трагаат по преживеани

20 жртви во урнатата зграда во Лагос, Нигерија. Фото: Твитер

Спасувачите во Нигерија продолжуваат да трагаат по евентуално преживеани, два дена откако се урна висока зграда во изградба во Лагос и целосно затрупа десетици луѓе, додека бројот на загинати се искачи на 22, изјави претставник на нигериската служба за итни случаи.

Урната зграда во Лагос, Нигерија/ Фото: ЕПА

Членови на семејствата на затрупаните лица и голем број луѓе се собраа во близина на местото на инцидентот со надеж дека ќе слушнат вести за судбината на оние кои се уште се заробени под урнатините на местото каде некогаш стоела зградата, пренесува Ројтерс.

Координаторот на Националната агенција за управување со вонредни состојби за Лагосза Ројтерс изјави дека бројот на загинати се искачил на 22 откако неколку биле пронајдени неколку тела на жртвите.
Спасувачите досега успеаа да извлечат девет преживеани од урнатините на објектот.

 

Уривањето на згради е честа појава во Нигерија која се смета за најнаселената земја во Африка, и каде прописите се слабо спроведени, а градежните материјали често под стандардот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот