Вицепремиерот Димитров во официјална посета на Словенија

Никола Димитров / Фото: Слободен печат, Архива

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска ќе престојува во официјална посета на Словенија, каде со своите домаќини, меѓудругото, ќе разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на Европската Унија (ЕУ).

Предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со словенечкиот претседател Борут Пахор, министерот за надворешни работи Анже Логар, претставниците на Комитетот за европски работи во словенечкиот Парламент, како и со пратениците од Комитетот за надворешна политика, а меѓу соговорниците за европската иднина на Северна Македонија, ќе бидат и европратеничката Тања Фајон со која, исто така, ќе се сретне за време на официјалната посета.

– Темите за разговор со словенечките соговорници ќе бидат на иста линија како и разговорите во Германија, дотолку повеќе што Словенија ќе го преземе кормилото со Советот на ЕУ во втората половина од оваа година, а двете земји имаат тесна соработка во рамки на актуелното Трио. Поконкретно, ќе се разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на ЕУ кое што е високо на нивната нивната агенда, се вели во соопштението од МНР.

На средбите ќе се отворат и теми поврзани со билатералната помош што во континуитет ја добиваме од Словенија, како наш традиционален партнер и поддржувач и која дава значителен придонес како за ЕУ реформите, така и за конкретни инфраструктурни проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот