Фајненшл Тајмс: Ветото за земјите од Западен Балкан е историска грешка на Макрон

Ветото на Емануел Макрон против проширувањето на ЕУ за престапните преговори со Македонија и Албанија минатата недела ќе биде запаметено како историска грешка која ја ослабнува Европа и ги поткопува нејзините аспирации да стане геополитички моќна.

Францускиот претседател ја торпедираше политиката за проширување на ЕУ, го лиши блокот од еден од нејзините основни инструменти за надворешна политика, ја поткопа довербата во своите ветувања и го дестабилизира својот „балкански двор“. И сето тоа од лидер кој тврди дека го истакнува европскиот дух на солидарност и соработка.

Северна Македонија и нејзиниот западен сосед Албанија добија привремена одлука да започнат преговори за членство во јуни минатата година, но со задоцнување од една година. Пред четири месеци, ЕУ повторно ја стави одлуката во мирување, ветувајќи зелено светло на минатонеделниот самит во Брисел, но двете земји кандидати добија само француско „НЕ“.

Двете балкански земји минаа низ долг макотрпен процес за да стигнат дотаму. Албанија се поклони на притисокот на ЕУ, а исто така и дозволи на граничната агенција Фронтекс пристап до албанските полициски операции.

Северна Македонија, пак мина значително подалеку, дури и го смени своето име за да го реши дведеценискиот спор со Грција и да отвори пат кон ЕУ. Премиерот Зоран Заев, вистински реформатор, покажа голема храброст да се согласи со овој договор, но тој сега може да биде тргнат од власт.

Макрон истакна два аргументи за својата одлука. Првата е дека ЕУ треба да ги зајакне постојните политики и институции пред да додава нови членки во Унијата. Втората е дека процесот на проширување сам по себе носи недостатоци со тоа што од сам почеток им нуди на новите членки целосни придобивки, без можност за корекција на последователното назадување. Овие се валидни аргументи.

ЕУ треба да го насочи донесувањето одлуки, да ја зајакне еврозоната и многу други работи. Исто така, треба да се осигура дека пристапувањето е помалку за техничката усогласеност отколку фундаменталната промена во културата на плурализам, одговорност и владеење на правото. Но, нема причина зошто овие работи не може да се решат откако ЕУ ќе започне со официјални преговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија, процес што веројатно ќе трае една деценија, пишува „Фајнешл тајмс“.

Исто така, постои длабока загриженост за организираниот криминал, корупцијата и владеењето на правото, особено во Албанија, чија мафија стана истакната во некои земји на ЕУ. Данска и Холандија исто така ја отфрлија кандидатурата на Тирана. Сепак, одбивајќи го и Скопје, Франција покажа дека воопшто не сака проширување. Тешко е да се замисли претседателот Макрон да се премисли и да направи моќен пресврт пред изборите во Франција во 2022 година.

Со затворање на вратата за проширување, Франција ја напушта ЕУ без кредибилна рамка за односи со нејзиното соседство, не само со целиот Западен Балкан, туку и земји како Молдавија, Украина и Грузија, за кои членството е сè уште предлог, иако далечно.

Доколку Зоран Заев биде заменет со тврдокорни националисти во Северна Македонија, кои притоа се спротивставуваат на Преспанскиот договоро со Грција и го разгорат албанскиот сентимент низ целиот регион, тоа би биле црни денови за Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот