Ветарот и брановите извадија на површина: Десетици кубни метри отпад на брегот на Охридското Езеро

Фото: facebook

Ветарот и брановите ја извадија на површина сета негрижа на државата кон Охридското Езеро и регион во изминатите години. Големи количини на отпад завршија на бреговите на Охридското Езеро, а фотографии од немилите глетки се споделија и на социјалните мрежи.

Од охридското Комунално претпријатие истакнаа дека нивни екипи само во текот на денешниот ден собрале десет кубни метри отпад кај градското пристаниште.

Владата на денешната 44-та седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Министерството за финансии (МФ) да обезбедат средства и да го вклучат овој проект како приоритетен за 2021 – 2022 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот