Верушевски дојде на суд, ќе сведочи за прислушувањето

Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски во својство на сведок дојде во Кривичниот суд каде ќе сведочи во предметот „Таргет-Тврдина”. Ова е прво рочиште за овој предмет откако редовното обвинителство ги презеде предметите од СЈО.

Како обвинител овластен од Љубомир Јовески се појави Артан Ајро, кој го водеше овој предмет и во СЈО, а по прекинот на мандатот таму беше вратен во ОЈО Скопје.Претходното рочиште беше одложено бидејќи судот беше известен оти немало уредна достава за Верушевски.

Во „Таргет – Тврдина“ освен Сашо Мијалков, обвинети се и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, тогашниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, и вработените во УБК, Никола Бошкоски, Маријан Шумуликоски, Силвана Златкова, Васил Исаковски, Валентина Симоновска и Надица Николиќ.

Според обвинителниот акт, тие преку три системи за следење на комуникации на УБК, од 2008 до 2015 година незаконски прислушкувале 4.286 телефонски броеви за кои немале судски наредби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот