ВЕЌЕ ДВЕ НЕДЕЛИ: Бесплатно паркирање во катната гаража „Судска палата“

Катната гаража „Судска палата“, која е во раководство на општина Центар, веќе две недели е бесплатна  поради проблеми со осветлувањето. Гаражата е отворена за возила до 18 часот, а потоа, поради намалување на безбедноста, истата се затвора, информираат од ПОЦ за „Слободен печат“.

Санацијата на дефектот ќе се пролонгира поради процедурите, кои налагаат да се чека одобрување на средства за итност од бирото за јавни набавки, за да може да се објави тендер за санација, додаваат од ПОЦ.

Очекувањата се и дека во следниот месец гаражата ќе функционира без струја.

Во меѓувреме канцелариите на ПОЦ се преместени во кај Градски ѕид, позади Аутомакедонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот