ВЧЕРАШНИТЕ ПРОТЕСТИ НАЈЖЕСТОКИ ДОСЕГА: Повеќе од 180 уапсени, а над 100 повредени во Хонгконг

Властите во Хонгконг се обидуваат да воведат ред по вчерашните најжестоки судири во речиси четиримесечните антивладини немири, во кои полицијата пукаше во тинејџер демонстрант и уапси повеќе од 180 лица.

Во вчерашните немири се повредени повеќе од сто луѓе, соопштија болнички извори.

Меѓу повредените е и 18-годишен ученик кој бил застрелан во градите со вистински куршум. Неговата состојба е стабилна.

Вчерашните протести, на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина, имаа за цел да придонесат во борбата на активистите за поголема демократија на меѓународната сцена и да ги посрамотат политичките лидери во Пекинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот