Васовски повеќе не е тренер на Вардар

Фото: ФК Вардар

Александар Васовски, веднаш по завршување на есенскиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига си поднесе оставка од тренерската функција во Вардар.

Главна причина за оставката е тешката финансиска ситуација во која западна Вардар по заминувањето на Сергеј Самсоненко и пропаднатите преговори со заинтересирана групација во која беше и славниот германски тренер Феликс Магат.

„Почитувани спортски пријатели, навивачи на Вардар, почитувана спортска јавност, сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам на поддршката што му ја дававте на Вардар во овој тежок период за клубот. ПОЧИТУВАНИ ВАРДАРОВИ фудбалери, вашите имиња треба да се впишат со златни букви во историјата на овој клуб што не дозволивте клубот да доживее црно сценарио. Што се однесува до мене, јас ветив дека до декември ќе останам, но веќе немам сила да се борам. Затоа од денеска и официјално не сум тренер на Вардар. Благодарност до Комитите и сите поддржувачи на Вардар и мој апел до надлежните да не се дозволи најсветото нешто во македонскиот фудбал да згасне. Поздрав“, напиша Васовски на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот