Варшава ја скара ЕУ: Европскиот парламент ја тужи ЕК бидејќи не ја казнила Полска

Давид-Марија Сасоли и Урсула Фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европскиот парламент одлучи да ја тужи Европската комисија за „недејствување“ во однос на механизмот за владеење на правото.  

Европскиот парламент ја тужеше извршната власт на владата на ЕУ, Европската комисија, за неуспехот да го искористи механизмот за санкции против земјите-членки кои ги прекршуваат правилата како Полска.  

Механизмот беше воведен на крајот на 2020 година и ѝ овозможува на ЕУ да одбие финансирање на земја-членка што Брисел го гледа како кршење на владеењето на правото. Нацијата која моментално е на врвот на црната листа е Полска, чија конзервативна влада усвои политики кои ЕУ ги смета за неприфатливи.  

„Очекуваме Европската комисија да дејствува на доследен начин и да го исполни она што го рече претседателката Фон дер Лајен за време на нашата последна пленарна дебата на оваа тема. Зборовите мора да се претворат во дела“, рече претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. 

Полска ја тресе Европа 

Полскиот уставен суд оцени дека некои закони на ЕУ се во спротивност со Уставот на Полска, што многумина го доживуваат како голем чекор кон „Полекзит“ – излезот на земјата во Унијата. 

Одлуката на Уставниот суд на Полска може да има долги последици за односите на Варшава со Брисел, но и за пристапот до фондовите на ЕУ. Судот, чија легитимност се доведува во прашање бидејќи има неколку судии лојални на владејачката, националистичка Партија на правото и правдата, утврди дека некои делови од договорите и судските одлуки на ЕУ не се во согласност со уставот на земјата, додавајќи дека институциите на ЕУ понекогаш „работат надвор од нејзините надлежности“, односно дека полскиот устав во некои делови е супериорен во однос на европските договори.  

Супериорноста на европското право над националното право досега не е доведена во прашање, а многумина сметаат дека овој потег е првиот чекор кон излезот на Полска од ЕУ, иако нивниот премиер Матеуш Моравјиецки ги негираше таквите можни случувања. 

Како Полска стана најголемиот европски бунтовник

ВИДЕО | Андоновиќ: ЕУ ѝ „држи пиштол на слепоочницата на Полска“, Варшава пак на Белорусија?

ЕУ не се шегува, Полска ќе плаќа милион евра дневно

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот