ЕУ не се шегува, Полска ќе плаќа милион евра дневно

Врховен суд на ЕУ / Фото: Архива

Врховниот суд на ЕУ и нареди на Полска да плаќа казна од еден милион евра дневно, јавуваат странските медиуми.

Одлуката е донесена затоа што не го суспендира дисциплинскиот совет на Врховниот суд.

Одлуката на Европскиот суд на правдата следеше откако Европската комисија побара „финансиски казни” со цел да се обезбеди почитување на пресудата од јули, пренесуваат американските медиуми.

Судот соопшти дека казната е „неопходна за да се избегне сериозна и непоправлива штета врз правниот поредок на Европската унија и вредностите на кои се темели таа”, а особено штета врз владеењет о на правото.

Извор: МИА 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот