Вардар оствари важна победа против Алкалоид во Суперлигата

фото: РК Алкалоид

Денеска во дербито од петтото коло во плеј-офот на македонската ракометна Супер лига одиграно во салата „Автокоманда“ екипата на Вардар славеше против Алкалоид со 27:23.

Играчите на тренерот Владо Недановски по првото полувреме имаа предност од осум голови разлика (16:8).

Најефикасен во победничките редови беше Марко Срдановиќ со седум голови, а на спротивната страна осум запиша Мартин Серафимов.

Моментно на табелата Вардар е на третата позиција со 12 бодови, колку и четвртопласираниот Алкалоид.

Во следното коло Вардар на 31 март ќе му гостува на Охрид, а истиот ден составот на Кирил Лазаров оди кај Бутел Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот