Вардар без многу мака го реши Татран
Екипата на Вардар по поразот од Брест Мешков, веќе влезе во победнички ритам, „црвено-црната“ машинерија почна да ги меле противниците во СЕХА лигата. Вардарци денеска без многу мака како гости го совладаа Татран Прешов со 22:29 и дојдоа до третиот триумф во четири кола. Интересно е што ова беше прва победа на гости за Вардар, откако двата триумфа над Пекинг спорт Универзитет и Нексе беа остварени на домашен терен.
Дилемите околу победникот, европскиот шампион ги реши во второто полувреме кога со препознатливата игра во одбраната и сигурната реализација успеа да дојде и до двоцифрена предност (17:27) по што тренерот Писонеро шанса им даде шанса на сите ракометари.
Најпрецизен во Вардар беше Тимур Дибиров со пет постигнати голови, а еден помалку дадоа Горбок и Шишкарев. Во тимот на Татран Прешов, а и најефикасен на мечот, беше Оливер Рабек со шест погодоци.