Вакцина или отказ: 120.000 работници мораа да изберат

Вакцинација во Франција
EPA-EFE/Caroline Blumberg

Тајсон Фудс, американски гигант во месната индустрија, успеа да убеди повеќе од 96 отсто од своите работници да се вакцинираат. Звучи како одличен пример за одговорноста на луѓето кои работат во прехранбената индустрија и со тоа директно да влијаат на животите на милиони луѓе, но не е сè како што изгледа.

EPA-EFE

Од компанијата „Тајсон“ најавија дека на вработените кои нема да се вакцинираат до 1 ноември, рокот што им е поставаен од менаџментот, ќе бидат отпуштени , но ќе можат да се вратат на работа доколку се предомислат и се вакцинираат.

„Би сакал да им порачам на оние кои не се вакцинирани – ова е ваш избор и ние го почитуваме тој избор. Ако се предомислите и сакате повторно да се придружите на „Тајсон“ – известете не. Нашите врати се отворени“, изјави претседателот и извршен директор Дони Кинг.

Компанија со седиште во Спрингдејл, Арканзас, која вработува 120.000 работници, на 3 август објави дека вакцинацијата е задолжителна и до кој рок работниците мора да ја примат вакцината доколку сакаат да ги задржат своите работни места. Тогаш беа вакцинирани околу 50 отсто од работниците во компанијата. По најавата на раководството, бројот на вакцинирани рапидно расте. Како што беше најавено, речиси двојно се зголеми. Сега, 96 отсто од 120.000 вработени се вакцинирани, пренесува Fortune.com.

„Ова е неверојатен резултат – не само за нашата компанија, туку и за вашите семејства и нашите заедници ширум светот“, рече претседателот и извршен директор на Тајсон, Дони Кинг во пораката до вработените

Месната индустрија во Соединетите Држави беше сериозно погодена од пандемијата
Во пролетта 2020 година, кога вирусот влезе во фабриките за пакување месо принуди привремено затворање на многу сали и производствени погони, бидејќи голем број работници се разболеле или морале да бидат ставени во карантин.

EPA-EFE

Обединетиот синдикат на прехранбени и трговски работници објави дека најмалку 132 негови членови починале од вирусот, а околу 22.400 биле заразени или изложени на вирусот.

Кинг рече дека „Тајсон“ забележал значителен пад на бројот на заболени од вирусот во своите работни единици откако биле вакцинирани поголем број работници.

„Тајсон“ останува единствената голема компанија во индустријата за пакување месо која бара вакцинација. Другите месни гиганти се потпираат на напорите да ги охрабрат работниците да се вакцинираат.

Синдикатот го пофали напредокот на „Тајсон“ во вакцинацијата, бидејќи со задолжителната вакцинација дојде и договор за сите вработени во компанијата да се обезбедат 20 часа платено боледување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот