Вака ја подготвувале нашите баби: Оригинален рецепт за проја

Фото: Профимедиа

Пројата е едно од нашите традиционални јадења и важен дел од македонската кујна. Се прави од крупно мелено бело или жолто пченкарно брашно, сол, свинска маст и топла вода. Во него често се додава и пченично брашно.
Постојат некои традиционални јадења кои се незамисливи без пројата.

По рецептот на нашите баби, тие се прават многу лесно и не бараат голема кулинарска умешност.

Пројата од жолтото пченкарно брашно некогаш била главна храна на трпезите на нашите претци, а и денес со задоволство ја јадат сите генерации.

Покрај тоа што е вкусна, таа има и здравствени предности. Пченкарното брашно е исклучително здраво поради тоа што го намалува холестеролот и високиот крвен притисок, добро е за дигестивниот систем, а поради цинкот го јакне и имунитетот.

Состојки:

– 500 грама пченкарно брашно
– 1 полна лажица свинска маст
– 2 лажици сода-бикарбона
– сол по вкус
– 700 милилитри млака вода

Подготовка:

Во сад ставете брашно, маст, сода-бикарбона, сол и сите состојки помешајте ги со виљушка. Додадете вода и матете додека смесата не стане како каша.

Плехот за печење подмачкајте го и посипете го со малку брашно, па додадете ја смесата.

Со лажица израмнете ја површината и ставете ја пројата да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени Целзиусови, 45 минути.

Ако не користите свинска маст, во друга варијанта на овој деликатес, користете масло за јадење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот