УЖАСИТЕ НА НАГАСАКИ: Откриени ТАЈНИ ФОТОГРАФИИ снимени само 12 часа по падот на бомбата на смртта (ФОТО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеПланета

УЖАСИТЕ НА НАГАСАКИ: Откриени ТАЈНИ ФОТОГРАФИИ снимени само 12 часа по падот на бомбата на смртта (ФОТО)

На фотографиите се забележува разорување од дотогаш невидени размери, а на многу се гледаат потресни глетки од осакатени жени и деца кои лутаат низ градот и бараат помош.

Нови, досега невидени фотографии од разорениот јапонски град Нагасаки осамнаа по повеќе од 73 години.

Ги фотографирал јапонскиот воен фотограф Јосуке Јамахата, кој добил задача да ги забележи кадрите од дотогаш невидената деструкција.

Фотографиите се снимени само 12 часа откако американската атомска бомба го разорила градот на 9 август 1945 година, а објавени се на сајтот на аукциската куќа “Rrauction”.

Фотографиите по окупацијата на Јапонија дошле во рацете на американските војници кои ги конфискувале и на нив ставиле ознака за тајност.

Многу од фотографиите на Јамахата јапонската власт ги користела во пропагандни цели.

Јосуке Јамахата умрел во 1966 година од рак добиен поради последиците од радијацијата, а имал само 48 години.

Неговите потресни фотографии за малку ќе биле уништени бидејќи Американците не сакале да се види „количината на злото нанесено на еден народ“, како што напишал „Њујорк тајмс“ откако биле откриени фотографиите.

За среќа, фотографиите ја преживеале и политиката како и големиот временски период, благодарение на еден човек.

Еден неименуван американски војник ги пронашол и ги спасил фотографиите.

Во комплетниот албум што го снимил Јосуке Јамахата се наоѓаат 24 слики.

На фотографиите се наоѓа Двајт Ајзенхауер, врховниот командант на американската војска, кој подоцна станал претседател на САД, како се ракува со генералот Мекартур. Оваа фотографија е една од ретките на која тие двајца пријателски се однесуваат еден кон друг, бидејќи нивните подоцнежни кариери ги обележува меѓусебна нетрпеливост.

На фотографиите се забележува разорување од дотогаш невидени размери, а на многу се гледаат потресни глетки од осакатени жени и деца кои лутаат низ градот и бараат помош.

Една од најпотресните фотографии е фотографијата со ранетата Јапонка која го дои своето повредено бебе кратко по експлозијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close