Уставниот суд на Албанија одржи седница после три години нефункционирање

Уставниот суд на Албанија со денешната седница, се врати во нормала по три годишно нефункцонирање.

Процесот на проверка на потеклото на имотот, познат како ветинг, разреши мнозинство од деветчлениот состав, двајца заминаа на други должности и во судот остана само Виторе Туша.

На крајот на минатиот месец избрани беа шест нови членови и со Туша станаа седум, со што се обезбеди потребниот кворум за одржување на седници.

Седуммината уставни судии разгледуваат барања за испитување на одредени одлуки на судските инстанци што се сметаат за приоритетни. Седницата се одржува без прсуство на странките, а се расправа само врз основа на документи.

Постојат 25 случаи подготвени за разгледување од страна на Уставниот суд.

Други 32 чекаат на комплетирање на судот, од кои најважна е жалбата на заедницата на општини, со која се бара локалните избори од 30 јуни 2019 година да се прогласат за неуставни,како и испитување на уставноста на одлуката за уривање на објкетот на Нацоналниот театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот