Уште едно заминување од Партизан: Мадар потпиша за Фенербахче

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Tурскиот гигант Фенербахче потврди дека постигнале договор со израелскиот 22-годишен кошаркар Јан Мадар кој досега го носеше дресот на Партизан.

Мадар зад себе има две одлични сезони во Партизан, а сега прави нов чекор во неговата кариера. Договорот кој го потпишал Израелецот со турскиот клуб е на две години.

Ова е уште едно заминување од Партизан, откако претходно Матијас Лесор и Папатеру се преселија во Панатинаикос, додека Данте Ексум се одлучи за НБА кадеш то ќе игра за Далас. За разлика од нив, Кевин Пантер одлучи да остане и потпиша нов договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот