Уште една земја наскоро го повлекува признавањето на Косово, вели Дачиќ

Наскоро уште една земја ќе го повлече признавањето на таканаречено Косово, изјави за Танјуг министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Србија денеска соопшти дека во одреден момент ќе објави кои земји го повлекле признавањето на самопрогласената независност на Косово, покрај оние кои се познати.

Дачиќ претходно најави дека Србија и во оваа година ќе ја продолжи тешката дипломатска и политичка борба поврзана за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитетот.

Претходно денеска, заменик-министерот за надворешни работи на Косово, Крешник Ахмети, изјави дека постоеле повеќе нон-пејпери кои Србија ги испратила на адресата на Советот на Европа во Стразбур против пријавата на Косово за членство во Советот на Европа, но, според него, „таа битка ја изгубила“.

Ахмети оцени дека Косово обезбедило поддршка за гласањето, како и правно толкување со кое се констатира дека Приштина нема пречки во таа насока.

„Србија секогаш беше активна во спротивставувањето на Косово, и на билатерален или мултилатерален план, во случајот на Советот на Европа, се противеше еден ден пред да се пријавиме. Претседателот на Србија Александар Вучиќ на 11 мај минатата година свика состанок на Советот за национална безбедност пред Косово да аплицира во Советот на Европа“, кажа Ахмети за Косовапрес. Додаде дека со целосно уверување може да каже дека „Србија ја изгубила битката во Советот на Европа“, но и фактот дека „правното мислење покажува дека Косово може да стане членка на Советот на Европа“.

Ахмети рече дека Србија не ја сопрела кампањата за повлекување на признавањата на Косово, но дека „таа не постигнала никакви резултати“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот