Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Во болницата Шефќет Ндроќи, позната како болница Ковид2, во Тирана, почина познатиот албански пулмолог Анибал Бибери (53), кој јпрво се лекувал во домашни услови, но пред неколку дена бил префрлен во болницата, каде и покрај сите напори на неговите колеги починал денеска.

Бибери повеќе години работел како лекар и во познатиот затвор „302″ во Тирана.

Тој е трет лекар кој ја губи битката со опасниот вирус, по Арјан Пуши, познат хематолог, професор на медицинскиот факултет во Тирана, кој почина на 30 јуни а по неколку дена и Хисни Шкјау, матичен лекар.

Опасниот коронавирус зема се поголем замав во Албанија, за што потврда е се повисокиот двоцифрен број на новозаразени во изминатиот и првите денови од овој месец кога во просек се регистрани по над 110 заразени.

Во исто време се зголемува и бројот на починати, во просек по четворица пациенти дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот