Уште еден Американец го напушти МЗТ, Ајви продолжува во Полска

Фото: Czarni to Wy/Twitter

МЗТ Скопје остана и без втор американски кошаркар откако по прекинот на соработката со Еван Максвел од таборот на сино-белите си замина и Били Реј Ави.

Американскиот плејмејкер ја искористи можноста да го раскине договорот до крајот на годината и кариерата ја продолжи во Полска.

МЗТ се уште не го потврдил неговото заминување, но Ајви веќе е претставен како ново засилување на тимот Чарни Слупск. Ајви заминува по девет одиграни натпревари за МЗТ во регионалното натпреварување во кои имаше просек од 9.9 поени, 3.7 скока и 2.6 асистенции по натпревар.

Во тимот на МЗТ сега остануваат уште тројца странци, Страњиња Миќоковиќ, Александар Бурсаќ и Мајк Кефи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот