Уште 37 икони чекаат да бидат вратени во земјава

Бисера Костадиновска Стојчевска - министерка за култура / Фото: „Слободен печат“

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во гостување на вечерните вести на Канал 5 изјави дека уште 37 икони чекаат да бидат вратени во земјава.

„Таму се препознаени уште 37 икони од кои за 33 веќе доставивме документација дека се веќе идентификувани. За остатокот од документацијата веќе наредната недела ќе ја пратиме за да може да се докомплетира целиот процес. А веднаш после тоа ќе пратиме барање до албанската страна за враќање на тие 37 икони. Сега веќе го знаеме и процесот кој е и тоа ќе биде пократок период, не како овој сега кој што траеше интезивно 2 години, додека пак првото барање за овие икони да се вратат било пратено во 2018 година. Се надевам дека вториот процес од иконите ќе оди навистина многу побрзо и тие повторно ќе го имаат истиот процес,“ рече Костадиновска Стојчевска.

Таа посочи дека и овие 37 икони ќе бидат вратени во црквите од каде што се земени. Како што кажа министерката тоа се икони од црквите од охридско, Радожда и други цркви од тој крај и сите ќе бидат вратени од каде што се украдени. Таа посочи и дека со помош на Сашо Цветковски од МАНУ кој што е е историчар на уметност и оваа тематика ја изучува многу долго време ќе се лоцираат која икона од која црква е украдена и ќе биде вратена таму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот