УПС, ГРЕШКА: Тројца мажи пуштени на слобода откако невини поминале 36 години во затвор (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Тројца мажи од Балтимор поминале цели 36 години во затвор, а сега се пуштени на слобода откако било утврдено дека тие биле невини.

Тие биле погрешно обвинети за убиство кое се случило во 1983 година и несреќно завршиле во затвор.

Алфред Костен, Рансом Воткинс и Ендру Стјуарт се осудени за убиство од прв степен на ученичка од средното училиште ДеВит Дакет во Балтимор.

– Беше пекол. Беше ужасно – рекол Костен за своето искуство во затворот.

Костен и Воткинс имале 16 години кога биле уапсени, а Стјуарт бил на 17 годишна возраст. Тие од тогаш се во затвор, пренесува Си-Ен-Ен.

Кога Костен поднел барање за пристап до информации оваа пролет, тој открил докази што не му биле предадени на неговиот адвокат за време на судењето. Потоа, тој поднел тужба до Секторот за интегритет, кој ги разгледува старите докази.

Поточно, Костен инсистирал дека е невин цело време, поради што му било одбиено барањето за предвремено ослободување затоа што одборот за условно ослободување заклучил дека тој не презел одговорност за убиството.

Дакет (14) била застрелана и убиена во ноември 1983 година за тогаш популарна и скапа јакна. Костен, Воткинс и Стјуарт се осудени за нејзиното убиство врз основа на сведочења, врз основа на клучните докази – истата јакна што ја носела Дакет била најдена и во спалната соба на Костен.

Сепак, немало никакви траги од крв или употреба на огнено оружје на јакната на Костен. Неговата мајка ја доставила сметката во полиција, а вработена во продавница потврдила дека неговата мајка неодамна му ја купила.

И покрај овие докази, сите тројца тинејџери биле уапсени на Денот на благодарноста.

Нивните сегашни адвокати изјавија дека се „преплашени“ од износот на погрешни докази што не им биле дадени на адвокатите на одбраната или на поротата. На пример, сите малолетни лица (обвинети и сведоци) биле испрашувани од полицијата без присуство на нивните родители. Потенцијалните сведоци биле сослушани во групи и им било кажано да ги изедначат нивните приказни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот