Универзитетски професор по сообраќајката тврди: Доколку му се случи нешто на Албин Курти, ќе има последици за земјата

Фото: Бота Сот

Автомобилот во кој се наоѓаше лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти синоќа имаше сообраќајка во Албанија, од каде се известуваше дека нема повредени лица. Но, професорот од приштинскиот Универзитет, Рахман Пачаризи вели дека Курти се додека не е под заштита на властите, ако стане премиер, треба сам да винамва, пренесува Бота Сот.

Аналитичарот Пачаризи изјавил дека Курти и луѓето околу него треба да бидат внимателни, бидејќи што и да му се случи на него, според Пачаризи, ќе има тешки последици за земјата. Тој додава дека Курти го гласале 185 илјади граѓани на Косово, па затоа било која ваква ситуација, може да предизвика недоразбирање и опасни конспирации.

– Албин Курти и луѓето околу него треба да се покажат повнимателни, бидејќи што и да му се случи има тешки поседици за земјата. Секако по изборот премиер, надлежните власти ја превземаат во нивни раце неговата безбедност, но дотогаш треба зголемена внимателност и поголема одговорност и на господинот Курти. Него го гласаа 185 илјади косовски граѓани, па затоа секоја ваква систуација, било како денешната која за среќа поминала без последици, може да предизвика недоразбирања и опасни конспирации – вели универзитескиот професор.

Инаку Курти синоќа беше дел од сообраќајка во Тирана, при што не се здоби со повреди. Возилото со кое патувал Курти се судрило со полициско возило.

Тој во Тирана престојуваше за да ја прослави неговата победа на изборите во Косово. Сообраќајката се случила на автопатот Тирана-Драч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот