Албин Курти вечерва имал сообраќајка во Тирана (ФОТО)

Фото: Газета Експрес

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти бил дел од сообраќајка во Тирана, на патот на Ринас, при што за среќа не се здобил со повреди, јавува Топ Чанел.

Истиот медиум дознава дека возилото со кое Курти патувал се судрило со полициско возило.

Курти вечерва во Тирана престојуваше за да ја прослави неговата победа на изборите во Косово.
Сообраќајката се случила на автопатот Тирана-Драч, јавува Телеграфи.

-Вечерва возилото на претседателот на движењето Самоопределување Албин Курти имаше сообраќајка во лесен верижен судир во Албанија кога одеше на славењето на победата во Тирана. Се е во ред и ниту едно лице не е повредено. Активностите продолжија според агендата и нема место за вознемирување – изјавил портпаролот на Самоопределување, Арлинд Манџука за Телеграфи.

Фото: Топ Чанел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот