Унгарија: Парламентот ги одобри вонредните овластувања на Владата

Фото Архива

Опозициските партии, меѓународните институции и граѓанските групи го критикуваа предлог-законот, бидејќи тој нема краен датум за можноста владата да ги спроведува регулативите.

Унгарскиот Парламент го одобри денеска предлог-законот за одобрување вонредни овластувања на Владата на премиерот Виктор Орбан за време на пандемијата на коронавирусот, без да се утврди краен рок за нивно истекување.

Предлог-законот беше изгласан од партијата Фидес на Орбан и други поддржувачи на Владата, па затоа беше усвоен со 137 гласови „за” и 53 „против”.

Беа потребни 133 гласови за да се донесе законот.

Опозициските партии, меѓународните институции и граѓанските групи го критикуваа предлог-законот, бидејќи тој нема краен датум за можноста владата да ги спроведува регулативите.

Исто така, вклучува мерки против лажни информации кои предизвикаа загриженост дека владата може да ги користи против независни медиуми.

Унгарија прогласи вонредна состојба на 11 март поради ширењето на вирусот, од кој досега се заразени 447 лица, и 15 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот