Украинските оператори го блокираа пристапот на телефоните со руски броеви до нивните мрежи

Телефон/ Фото: илустрација/Unsplash

Комуникацијата е еден од клучните елементи на ефективната борба, објаснува Државната служба за специјални комуникации и заштита на информации (SSSCIP).

Откако ја изгубија можноста да се јавуваат од нивните броеви, окупаторските сили се почесто им ги одземаат телефоните на граѓаните.

Ги повикуваме Украинците чии мобилни телефони се одземени од претставници на непријателските трупи да го известат операторот што е можно поскоро и да побараат од нив да го блокираат украдениот телефон. Разбираме дека тоа да се прави кога телефонот е одземен не е лесна задача. Сепак, ова е од витално значење – најдете соседи кои имаат телефон, користете фиксен телефон – безбедноста на нашата држава и животите на Украинците зависи од тоа, додаваат оттаму.

ВО ЖИВО | Руско-украинскиот конфликт продолжува, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот