Украинците тврдат дека Русија гранатирала трговски центар во Никопол

Никопол, Украина / Фото: Ukrinform / Shutterstock Editorial / Profimedia

Руски сили вчера го гранатираа трговскиот центар „Епицентар“ во Никопол, регионот Днепропетровск, предизвикувајќи пожар кој се прошири на повеќе од 4.000 метри квадратни, соопштија украинските власти.

Во моментот на нападот трговскиот центар бил празен и немало жртви.

„Ова беше еден од најголемите трговски центри во градот, со површина од повеќе од 5.100 метри квадратни. Ги снабдуваше сите околни населби и села. Не престана да работи од почетокот на инвазијата на Украина“, рече Јулија Чудновец, претставничка на Епицентарот.

Покрај нападот на трговскиот центар, руската армија изврши уште два напади со беспилотни летала и артилерија во областа на Никопол, пишува Украинска правда.

„Повредена е една постара жена. Се запали станбена зграда, но службите за итна помош успеаја да го изгаснат огнот. Оштетени се шест приватни станбени куќи, три згради, автомобил и далновод“, вели Серхиј Лисак, шеф на Воената управа на Днепропетровската област.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот