Украина: Напредуваме на голем фронт и ги заземаме брдата, непријателот е во дефанзива

украинска армија EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украина потврди дека спроведува „офанзивни акции“ на делови од фронтот и соопшти дека постигнала напредок во близина на разурнатиот источен град Бахмут, истовремено намалувајќи го обемот на нападот што Москва тврди дека го одбила.

„Одбранбената операција (на Украина) вклучува контраофанзивни акции. Затоа, спроведуваме офанзивни дејствија во некои сектори“, напиша на Телеграм заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар.

„Секторот на Бахмут останува епицентар на непријателствата. Напредуваме на прилично голем фронт. Постигнуваме успех и ги заземаме брдата. Непријателот е во дефанзива, додаде Малиар.

Русија претходно соопшти дека одбила офанзива од големи размери на истокот и југот на Украина, како и дека им нанела големи загуби на Украинците во војници и опрема.

Киев со месеци подготвува голема контраофанзива, чија цел е да ги истисне руските војници од зоните што ги окупираа. Сепак, украинските власти предупредија дека нема да откријат ништо за нивните планови или датуми.

И американските власти велат оти има знаци дека Украина можеби ја започнала долгоочекуваната контраофанзива.

Изворите својата проценка делумно ја заосноваат на информациите од американските воени сателити, кои забележуваа подем во акциите на украинската војска.

Неколку извори за „Си-Ен-Ен“ велат дека Украина распоредила мрежа на агенти и симпатизери во Русија кои работат на извршување акти на саботажа против руски цели.

Американските официјални лица веруваат дека овие проукраински агенти во Русија извршиле напад со дронови, чија цел бил Кремљ на почетокот на мај, лансирајќи беспилотни летала од внатрешноста на Русија, наместо тоа да го извршат од Украина.

„Си-ен-ен“: Украина распоредила агенти низ Русија и им дала дронови за да организираат напади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот